fbpx

Граѓаните тонат во сиромаштија, а Радио Слободна Македонија остварува приход од илјадници евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека граѓаните и фирмите тонат во сиромаштија, Радио Слободна Македонија успева да оствари илјадници евра приход со само еден вработен.

Според официјални податоци на Централниот регистар, Радио Слободна Македонија остварило приходи од 617.000 евра, за две години!

За една година, со само еден вработен, Радио Слободна Македонија успеала да направи обрт од 242 000 евра!

Но, очигледно е дека зад Радио Слободна Македонија стои Мијалков и очигледно од таму се илјадниците евра приход на Радио Слободна Македонија.

Еден од сопствениците на Радио Слободна Македонија е фирмата НВСП, којашто е фирма основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто пак директно стои Сашо Мијалков, братучедот на премиерот во заминување, Никола Груевски.

Сопственикот на фирмата НВСП, сопственик и на Радио Слободна Македонија, Владислав Стајковиќ е близок со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.

Фирмата НВСП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје.

За штитениците на власта во заминување, милиони и илјадници евра, а за граѓаните арач и сиромаштија од Груевски и Мијалков.

И Радио Слободна Македонија е соучесник заедно со Курир и Република во креирањето на извртената реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата.

Брзо ке стане јасно и ќе се добие одговор како се финансира Радио Слободна Македонија, за колку пари и од чии пари.

Скопје, 11.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести