Соопштение за јавност
Граѓаните тонат во сиромаштија, а Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков.
Креирајќи извртена реалност, главните уредници на провладините гласила, Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Р.Македонија, додека тие се возат во мерцедеси од 600 000 евра.
29 дена Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.
Зад Курир очигледно стои Мијалков, и очигледно од таму му се милионските приходи.
10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување, но затоа само бизнисите на фамилијата и Груевски вртат милионски приходи.
Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие.
Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.
Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.
Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
Затоа Курир ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква извртена реалност и ги штити криминалите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.
Брзо ќе се потврди што е Курир, како се финансира и од чии пари.
Скопје, 11.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА