Соопштение за јавност
Како успева Радио Слободна Македонија да остварува илјадници евра приход со само еден вработен, додека граѓаните и фирмите во Македонија тонат во сиромаштија.
Според официјални податоци на Централниот регистар, Радио Слободна Македонија остварило приходи од 617.000 евра, за две години!
За цела една година, со само еден вработен, Радио Слободна Македонија успеала да сврти 242 000 евра!
Но, и зад Радио Слободна Македонија стои Мијалков и очигледно од таму се илјадниците евра приход на Радио Слободна Македонија.
Еден од сопствениците на Радио Слободна Македонија е фирмата НВСП, којашто е фирма основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто пак директно стои Сашо Мијалков, братучедот на премиерот во заминување, Никола Груевски.
Сопственикот на фирмата НВСП, сопственик и на Радио Слободна Македонија, Владислав Стајковиќ е близок со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.
Фирмата НВСП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје.
За гласноговорниците што ја штитат власта во заминување, милиони и илјадници евра, а за граѓаните арач и сиромаштија од Груевски и Мијалков.
И Радио Слободна Македонија е соучесник заедно со Курир и Република во креирањето на извртената реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата.
Брзо ке стане јасно како се финансира Радио Слободна Македонија, за колку пари и од чии пари.
Скопје, 10.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА