fbpx

Демант за МАРнет од нивниот Правилник!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од МАРнет лажат. Ги демантира токму нивниот Правилник!

МАРнет ќе објасни пред управната инспекција: како дозволи кражба на домен купен од СДСМ, уште колку физички и правни лица се оштетени на овој начин и за кого работат, за граѓаните или за власта на Никола Груевски.

Од МАРнет тврдат дека од 1 април 2014 година не вршат регистрација на домени.

Но, во прилог е Правилникот на Македонската академска истражувачка мрежа, МАРнет, донесен од нивниот Управен одбор, само месец подоцна од датумот што го наведуваат, на 21 мај 2014 година!

Во член 3 стои дека: “Со домените во .mk доменот управува Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет“!

Во член 15, меѓу другото стои дека: “МАРнет е надлежна да спроведува постапка за регистрација на домените согласно со овој Правилник“!

Дека од МАРнет лажат потврдуваат и другите документи во прилог.

Еве ја Потврдата дека СДСМ успешно го купила доменот zbogumnikola.mk (Документ 1)

Eве го Известувањето дека следува регистрација на купениот домен во МАРнет. (Документ 2).

На двата документа стои датумот 10 декември.

Но еве го и документот кој го разобличува противзаконското работење на МАРнет (Документ 3).
Од МАРнет, ден подоцна, на 11 декември, противзаконски го регистрирале доменот на име на организација Новакови, индивидуален земјоделец, од населба Речани, Велес?!

МАРнет не може да спречи да ја спречи објавата на злоделата на Груевски, што граѓаните можат да го читаат на интернет страницата zbogumnikola.com.

МАРнет не може да му помогне ни на Никола Груевски.

Цела Македонија му порачува на Груевски:
Збогун Никола!
Сите кои работеле спротивно на законот и на штета на интересите на граѓаните ќе одговараат.

Скопје, 05.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести