Македонија чувствувa забрзување во пропаст!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Митева тврди дека граѓаните „ја чувствуваат промената“.

Вистината е дека граѓаните ја чувствуваат промената, но сосема поинаква од онаа што им ја продава Владата.

Граѓаните ги чувствуваат високите цени во продавниците, малите плати, празните паричници и празните фрижидери.

Ги чувствуваат скапите цени на горивата, чекањето по 10 часа на граница и потполно отсуство на било каква перспектива за себе и за своите деца.

За две години на оваа криминална власт на ВМРО:

• Инвестициите се спуштија за 60%,

• Потрошувачката кошничка сега изнесува околу 70.000 денари,

• Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

• Младите масовно ја напуштаат земјата,

• Земјоделците останаа без субвенции.

ВМРО навистина ги исполни сите свои предизборни ветувања – нема што, Македонија денес повторно е горда!

Добивме земја во која граѓаните едвај преживуваат, а криминална Владата се фали со статистики додека луѓето бројат денари до плата.

Трета економија во Европа, додека цела Европа е на колена.

Некој клекна и молеше за власт, денес клекна цела Македонија.

Мицкоски и неговата тендерска екипа, повторно гордо, како некогаш Груевски, ја водат во економски пропаст што граѓаните го чувствуваат секој ден на својата кожа.

Македонија забрзува во пропаст!