fbpx

Груевски е фатен како лаже, празни ливади наместо индустриски зони

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се фатени како лажат за инвестиции коишто во реалноста никогаш не се реализираат.

Премиерот во заминување, Никола Груевски, пред граѓаните треба да каже за сите лаги, за сите виртуелни индустриски зони и виртуелни инвестиции коишто со години се само празни ливади.

Во Неготино, во близина на местото Црвени Брегови, наместо индустриска зона што ја ветуваше Груевски има само празни ливади.

Во 2012 година Груевски најавуваше изградба на индустриска зона во Гевгелија, локалитет Прдејци. После цели три години наместо индустриска зона зјае празна ливада.

Наместо индустриска зона Опаленик, кај Крушево, 7 години стои празна ливада како симбол на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Виртуелните инвестиции и лажните зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре.
На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија!

Ја нема ниту фабриката за печурки во Свети Николе, ниту фабриката за ветерници во тетовско….

Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски, кумот Ставрески и братучедот Мијалков се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места. Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

Граѓаните знаат дека по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места.

Збогум Никола!

Скопје, 26.12.2015               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести