Соопштение за јавност
Едниот ветуваше враќање на името БЈРМ – другиот не сака ни да го спомене.
Еден беше против Преспанскиот договор – другиот го нарекува „ремек дело на дипломатијата“.
Еден беше против НАТО – другиот вели дека е феноменално за безбедноста на граѓаните и за странските инвестиции.
Едниот зборуваше за подобра преговарачка позиција со ЕУ – другиот вели дека ќе чекаме со децении и „ниту милиметар“.
Едниот велеше дека до 1 јуни ќе ги исполни реформите – другиот веќе не ги ни спомнува реформите.
Едниот тврдеше дека не го познава обвинителот – другиот му се јавува по телефон и му наредува процеси.
Едниот ги повикува младите да се вратат во Македонија, другиот најавува нивна замена со мигранти.
Едниот ветуваше раст на инвестиции – другиот ги намали за 60 отсто.
Едниот ветуваше намалување на задолжувањето – другиот за две години ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра.
Едниот предложи закон за пратениците да не можат да имаат двојно државјанство – другиот го повлече законот поради бугарски пасоши.
Едниот ветуваше борба против криминалот – другиот шверцува 5 тони дрога преку граница.
Едниот вели дека буџетот е во одлична кондиција – другиот прави ребаланс затоа што нема пари.
Едниот вели дека сме трета економија во Европа, другиот вели дека нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра.
Едниот зборуваше за полн мандат на Владата – другиот бара предвремени избори, а нема алиби.
Едниот лаже.
Другиот ги правда лагите.
Ете, двајца Мицкоски, па вие верувајте му кога зборува за “предавници” и “патриоти”!

