Соопштение за јавност
Граѓаните на Македонија и денеска дишат отров наместо воздух. Ситуацијата со денови станува се полоша и полоша.
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува огромни, речиси 17 пати над дозволеното.
Во Тетово воздухот е загаден 10 пати над дозволената граница.
Во Кичево и Битола ПМ10 честичките изнесуваат 7, односно 6 пати над дозволеното.
Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, а Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ само немо ја следат состојбата.
Погрешните „дил ориентед“ политики на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.
Со право граѓаните се загрижени за своето здравје и заради тоа мора веднаш да се преземат конкретните мерки на СДСМ кошто се во интерес на граѓаните:
– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.
– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.
– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.
– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.
На граѓаните им треба чист воздух, а не валкани политики. Затоа доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.
Збогум Никола!
Скопје, 23.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА