fbpx

10 годишни лаги на Груевски за наводна изградба на гасоводи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред заминување, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ после цели десет години на власт се сетија на проекти од енергетиката, на коишто СДСМ постојано апелираше и доставуваше амандмани во буџетските расправи изминативе години.

Најскапот гасовод во Европа и светот, Клечовце-Штип, тежок повеќе од 75 милиони долари, е уште еден проект на власта којшто изеде милиони евра пари на граѓаните.

Уште еден скандал го следи овој фамозен најскап гасовод во светот. Прашуваме дали фирмата којашто е ангажирана за изведба се наоѓа на црната листа на САД и ЕУ?

Скандали ги следат наводните проекти на Груевски, а ефектите од нив скоро секогаш се виртуелни бидејќи граѓаните на Р.Македонија сеуште плаќаат најскап гас во Европа. Преносот на гас по вака висока цена на градба, ќе го поскапи дополнително.

Фалбите на Груевски и власта за виртуелни бенефити граѓаните директно ги почувствуваа по својот џеб, а во последниве години и директно по здравјето oд енормното загадување на воздухот.

Изминативе 10 години се пласираат лаги за наводна изградба на гасоводи.

Македонија е енергетски најзависна земја во ЕУ, со над 70 проценти увоз на енергенси како резултат на виртуелните политики во енергетиката.

Вистинските бенефити од гасоводот, граѓаните вистински ги чувствуваат во Струмица и во Куманово, затоа што СДСМ ги реализираше првите два гасоводни дистирбутивни системи во Македонија.

Со тоа, Струмица и Куманово станаа првите гасифицирани општини во Р.Македонија.

Во Програмата, една од мерките на СДСМ е природниот гас да биде достапен во цела Македонија преку изградба на дистрибутивни мрежи до сите урбани средини со што граѓаните ќе добијат алтернативен и еколошки енергенс.

Македонија треба да се приклучи кон преносните системи за природен гас на соседните земји како и кон иницијативата за изградба на ТАП (Trans Adriatic Pipieline), а со цел да добие и обезбеди сугурност и ефикасност во снабдувањето со природен гас, посебно во југозападна Македонија.

Ова се дел од вистиснките проекти коишто на граѓаните ќе им обезбедат евтин еколошки енергенс, природен гас, којшто значително ќе им ги намали трошоците во домаќинствата, како и ќе ја зголеми конкурентноста на фирмите т.е индустријата.

И после 10 години за Груевски мисловна именка е гасифицирана Македонија затоа што Груевски трошеше 630 милиони евра пари на граѓаните во бронза и споменици.

Груевски беше зафатен со екраните и кожната галантерија во мерцедесот од 600 000 евра и немаше време да размислува за гасоводи и како да обезбеди за граѓаните евтин енергенс.

Веќе е касно! Граѓаните имаат една идеја за Груевски: Збогум Никола!

 

Скопје, 21.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести