ОГЛАС за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени и за Град Скопје на СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации и Град Скопје на СДСМ да поднесат кандидатура за претседателка на општинскиот форум на жени и Град Скопје на СДСМ, согласно Упатството и роковникот за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор.
Кандидатките треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во својата заедница;
- Да се активни членки на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата;
- Да бидат доследни на политичките и програмските определби на СДСМ;
- Да имаат визија за развој и работа на Форумот на жени на локално ниво;
- Да поседуваат силни политички и организациски способности;
- Да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии во работата;
- Да имаат вештини за јавен настап;
- Да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги;
- Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ;
- Да достават програма за работа за четиригодишен мандат.
Рок за доставување кандидатури:
од 02.07.2026 до 12.07.2026 година.
Пополнета пријава за самокандидирање, заедно со:
треба да се достават до Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, на адреса:
ул. „Бихаќка“ бр. 8, 1000 Скопје или електронски на e-mail: forumzeni@sdsm.org.mk .
ДОКУМЕНТИ:
Пријава за самокандидирање (линк)



