fbpx

„Курир“ се уште крие на кој начин се финансира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавноста

Шест дена “Курир” крие кој и на каков начин го финансира.

Откако јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, шест дена молк.

Што крие „Курир“?

Што се крие зад поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.

НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување.

Зошто “Курир” крие на кој начин се финансира?

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?

 

Скопје, 19.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести