Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните продолжуваат да плаќаат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски денеска призна дека постојат пазари и компании со „повисоки маржи“, но „имињата засега нема да ги открие“.

Ова доаѓа по неколку месеци молчење и целосна пасивност на Владата пред ценовната криза која ги задушува граѓаните.

„Наскоро ќе се види“, вели Мицкоски. Ова „наскоро“ го слушаме веќе месеци.

Од почетокот на кризата премиерот нема одржано ниту еден работен состанок со трговските ланци и производителите за да се намалат цените.

Не ги примени ниту мерките што ги предложи СДСМ за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи и за целна поддршка на најранливите категории граѓани.

Резултатот е:

• Цените на горивата ги повлекоа нагоре сите основни намирници.

• Поскапе ѓубривото за земјоделците.

• Земјоделците останаа без навремени субвенции.

• ИПАРД средствата се блокирани поради корупциски афери од минатото.

• Цените на основните производи стигнаа до плафон, а граѓаните тешко го затвораат месецот.

Додека луѓето се борат со скапотија, Мицкоски сѐ уште „чека“.

Веројатно чека крај на мандатот, предвремени избори или годишен одмор, па потоа „ќе види“.

СДСМ конкретно предложи мерки за ограничување на маржите уште пред месеци.

Сега бараме итна транспарентност, кои се компаниите со прекумерни профити на грбот на граѓаните? Бараме итна поддршка за земјоделците и за најсиромашните граѓани.

Граѓаните не бараат уште една „наскоро“ изјава. Бараат резултати. Наместо зборови и одлагање бараат влада која работи, а не влада која само најавува дека ќе работи.