Соопштение за јавност
Никола Груевски во страв се крие од граѓаните.
Очигледно многу работи има за криење Никола Груевски од граѓаните, штом побара да сведочи тајно во Анкетната комисија за незаконското прислушување на над 20.000 граѓани.
Груевски бара помирна атмосфера затоа што е во паника од соочувањето со одговорноста за незаконското прислушување, за криминалот и корупцијата во изминатите 10 години.
Граѓаните знаат зошто Никола Груевски се крие и бега од јавноста. Цели 10 години Никола Груевски мислеше на бизнисите на фамилијата, на парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на тендрите за споменици вредни 630 милиони евра, додека граѓаните осиромашуваа.
Но, јавноста ќе дозне се.
Од вистината нема бегање. Од одговорноста Никола Груевски не може да избега.
Скопје, 14.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА