fbpx

Директорот на Државниот завод за статистика објавува нереални податоци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како што Државниот завод за статистика пред неколку дена неуспешно се обиде да го спаси премиерот во заминување, Никола Груевски, со нерално прикажување на стапката на вработеност, така и денес се обидува да го направи тоа со БДП.

ММФ, НБРМ, па дури и самото Министерство за финансии пред не повеќе од месец дена ги ревидираа во надолна линија проекциите за раст на БДП.

Го повикуваме директорот на ДЗС, кој по завршувањето на секоја календарска година, сам си ги ревидира сопствените квартални извештаи, да објасни како е можно при минимален раст на бруто инвестиициите од 2.8%, да објави раст на градежништво од 29.4%.

Почитуван директоре на ДЗС, вашиот шеф Груевски си заминува за не повеќе од еден месец, но Вашите „гимнастики“ со статистичките податоци ќе останат да бидат доказ за Вашата одговорност.

 

Скопје, 14.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести