ВМРО-ОКГ се изгуби во сопствената пропаганда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски вели дека реформите се завршени а неговата партија обвинува дека опозицијата ги блокира истите,
ВМРО-ОКГ веќе не знае што лаже.

Целосно се изгубија во сопствената пропаганда.

Денес партијата обвинува дека опозицијата го блокира Изборниот законик, дека сакаат да го намалат „успехот на државата во исполнувањето на реформите“.

Само еден ден претходно, Христијан Мицкоски јавно изјави дека реформите се целосно завршени и дека Европската унија е известена за тоа.

Мицкоски вели едно, ВМРО-ОКГ вели друго.

Во рок од 24 часа партијата се спротивставува на сопствениот претседател и премиер.

Веќе не знаат ни кој што кажува, само продолжуваат да лажат.

Ова е уште еден доказ дека нивната приказна за „бланко лист“ и „невидена понуда“ е чиста измислица.

Ако реформите се навистина завршени, како што тврди Мицкоски, тогаш Изборниот законик не може да биде пречка. Ако пак е пречка, тогаш Мицкоски лаже кога вели дека реформите се исполнети.

Во ВМРО-ОКГ не може да се согласат ни сами со себе.

Еден ден обвинуваат дека опозицијата ги блокира реформите, следниот ден тврдат дека реформите се завршени.

Ова не е политика, ова е паника, шизофренија и очајна потреба да се прикрие сопствениот неуспех.

Граѓаните веќе ги препознаваат овие противречности.

ВМРО-ОКГ се изгуби во сопствената пропаганда и сега самите се заплеткуваат се подлабоко во сопствените лаги.