ВМРО-ОКГ веќе два дена без престан ја обвинува СДСМ за проблемот со водата во Гостивар.
Ова е уште еден доказ колку оваа организирана криминална група се изгубила во сопствените лаги.
Граѓаните на Гостивар многу добро знаат дека СДСМ никогаш не бил на власт во нивниот град.
Традиционално, албанските партии се тие кои управуваат со Гостивар со децении.
СДСМ немал ниту еден градоначалник, ниту некогаш мнозинство во советот, па оттука не може да биде виновен за состојбата со водоснабдувањето.
ВМРО-ОКГ, Мицкоски и Латас се толку навлезени во улогата на опозиција што забораваат дека веќе две и пол години се на власт.
Тие се однесуваат како да се во опозиција, бараат одговори од опозицијата и ја обвинуваат за се што не функционира во државата – дури и за работи во општини каде што СДСМ никогаш не управувал.
Граѓаните се веќе навикнати на оваа амнезија на ВМРО.
ВМРО заборава на десетгодишното владеење кога Македонија беше држена како заложник, кога безбедносните служби беа под нивна контрола, кога се вршеа закани, уцени и заплашувања. Медиуми под контрола како денес.
Денес, учениците на тој систем се однесуваат како да немаат никаква врска со минатото.
Лагите на ВМРО-ОКГ немаат крај.
Но граѓаните на Гостивар ја знаат вистината: СДСМ не е виновен за водата во нивниот град, затоа што никогаш не бил на власт таму.
ВМРО, Мицкоски и Латас се изгубиле во сопствената пропаганда и продолжуваат да ја обвинуваат опозицијата за работи за кои самите се одговорни или за кои воопшто не се надлежни.
Доста е со лагите. Граѓаните добро ве познаваат.


