Соопштение за јавност
Се докажа дека континуираните медиумски хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.
„Курир“ пред шест дена ги призна грубите лаги и му се извини на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.
Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.
Иако речиси секој ден се потврдуваат невистините и измислиците на медиумските курири тие упорно објавуваат нови.
Очигледна е нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири со што покажуваат дека најголем страв имаат од вистината.
Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.
Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести и лагите објавени од ова гласило. Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.
На „Курир“ не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики. Не се пренесуваат изјави, соопштенија, ниту реакции од СДСМ.
Дополнително, воопшто не се пренесуваат ниту официјални прес конференции на државните институции и министерствата на коишто се објавени сериозни злоупотреби од страна на ВРМО-ДПМНЕ.
Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.
По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!
Скопје, 09.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА