Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, укажа дека случајот со епидемијата во Гостивар е само уште еден доказ за целосниот распад на здравствениот систем под раководство на Владата на ВМРО. Филипче посочи дека здравството денес основната функција на задрвството, да го штити здравјето на граѓаните е нарушена – има недостиг на лекови, затворени операциони сали, недостиг на кадар и долги листи на чекање, додека власта не презема ништо за подобрување на состојбите.
„Има недостиг на лекови. Одлагање на временските периоди во кои што се прима соодветна терапија поради недостаток на лекови на повеќе клиники. Пациенти кои што со месеци чекаат да стигнат до хируршка интервенција, поради тоа што нема капацитет, и од кадар и од инфраструктурен аспект, затоа што огромен број операциони сали во повеќе клучни јавно-здравствени институции не функционираат веќе подолго време. Има сериозни информации дека ниту во скоро време нема да профункционираат, поради тоа што има сериозни недостатоци во градежните зафати што се правени во изминатиот период“, рече Филипче.
Дополнително, Филипче предупреди дека здравствениот систем се соочува со сериозни кадровски проблеми, а дел од најважните јавни здравствени установи не ги води наставно-научен кадар, што дополнително влијае врз квалитетот на здравствените услуги.
„Несоодветен кадар ги раководи највисоките јавно-здравствени установи. Десетина универзитетски клиники, кои едуцираат специјализанти, студенти и друг медицински кадар, не се водени од наставно-научен кадар, односно ги водат лекари кои не се наставници. Понатаму, опременоста, хигиената, недостигот на кадар и долгите листи на чекање прават сериозни проблеми во целокупниот здравствен систем“,рече Филипче.
Наместо инвестиции во подобри услови за лекување и поквалитетни здравствени услуги, според Филипче, Владата се занимава со политички маркетинг, додека здравствените работници се оставени без подобрување на нивниот статус.
„Наместо оваа власт да инвестира во работи што ќе го подобрат квалитетот на здравствената услуга, сè што прават е да се сликаат за да постигнат некаков ПР-ефект. Притоа, платите во здравството не се мрднати, и нема никакво зголемување. Да потсетам, во време на Владата на СДСМ, само еднаш еднократно се зголемија основните плати за 40%, а вкупните примања за време на нашиот мандат надминаа 200 % на лекарите специјалисти, особено на универзитетските клиники“, рече Филипче.
Воедно Филипче укажа дека тотално промашување има и во кадровската политика на Владата во областа на здравството, посочувајќи дека на најважните позиции се поставуваат луѓе без соодветен капацитет за управување.
„Со Фондот за здравствено осигурување раководи човек чие основно образование е тренер. И тука не е прашањето на формалната диплома, туку прашање е каков е капацитетот да се управува од еден од најсложените и најчувствителни системи во државата. Фондот кој располага со милијарди денари, кој што треба да обезбеди стратегија за тоа какви лекови и терапија ќе се купува, какви здравствени услуги ќе се имплементираат и чиј квалитет треба да се надградува во јавно-здравствените институции, сега тоа го води човек кој што очигледно нема знаење и искуство во областа на јавното здравство, ниту пак во економијата на здравството. Поставено лице без соодветна стручна подготовка“, рече Филипче.
Линк до видео:


