ВМРО-ОКГ денеска се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра.
Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака.
Без вистинска поддршка од државата.
Каква врска има ВМРО-ОКГ со тоа?
Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД беше блокиран затоа што директорот од нивните редови беше уапсен.
Немаше мерки против поскапувањето на горивото. Немаше мерки против поскапувањето на ѓубривата.
Земјоделците работат во тешки услови, а тие сега ги презентираат нивните резултати како свој успех.
Да имаше државата реална политика за земјоделството, Македонија повторно би можела да го храни регионот, како што некогаш знаеше.
Земјоделството би било една од клучните извозни ставки кон Европската унија.
Но ние сме изолирани.
Поради политиката што ја води Мицкоски и неговата банда.
Тие си обезбедија бугарски државјанства и европски пасоши за себе и своите семејства. А на земјоделците им го затворија патот кон европскиот пазар и кон повисоки откупни цени.
Наместо помош да ги зголемат приносите и да продаваат на поголем и подобро платен пазар, земјоделците се мачат во изолација.
Сега им ја трујат и водата за пиење.
Следни ќе бидат реките, бели од синтетичко загадување, за да не можат ни да ги наводнуваат нивите.
Вака изгледа пропагандата на ВМРО-ОКГ.
Секогаш се фалат со туѓи резултати. Затоа што свои немаат.

