Соопштение за јавност
Горивата повторно поскапуваат.
Дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар, од полноќ вечерва.
Како што рековме. Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување.
Овојпат се надмина себеси.
По најавата – не еднаш, туку двапати се случи поскапување на горивата.
Граѓаните веќе имаат страв од „мерките“ на Мицкоски.
Знаат дека ќе поскапи сè, не само горивото.
Економијата е во колапс.
Потрошувачката кошничка расте, граѓаните осиромашуваат.
Нема зголемување на платите. Наскоро нема да има ниту за пензии.
Владата се задолжи кај МЕПСО, кај Навигација и кај Лотарија за да го враќа кинескиот кредит.
Со Мицкоски сè е лотарија.
Само што тој секогаш добива, а граѓаните секогаш губат.


