Соопштение за јавност
Уште еден удар по стандардот и џебот на граѓаните, поскапува и парното.
Мицкоски најавуваше намалување на цените и после секоја негова најава нешто поскапува.
Поскапеа горивата, цената на дизелот се зголеми за 15 денари само за неколку недели, поскапе храната, поскапеа цените во маркетите, поскапува и транспортот. Сите цени се до плафон.
Со Мицкоски економијата е во тотален колапс.
Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.
Потрошувачката кошничка достигна речиси 70.000 денари само за покривање на основните животни трошоци.
Со Мицкоски и неговата организирана криминална група граѓаните немаат пари за храна, немаат чиста вода, а сега ќе немаат пари ниту за греење во сред зима.
Оваа Влада ја води државата кон економска и социјална пропаст, а граѓаните кон се подлабока сиромаштија.


