Владата веднаш да ги објави анализите – врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски – министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар.

Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“.

Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети.

За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие наоди здравствените власти може да препорачаат таа вода дали може или не може да се користи, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории граѓани.

Одговори треба да дадат надлежните здравствени институции а не министерот за полиција.

Прашањето е следното:

Врз основа на кои параметри од анализите заклучија дека водата може да се користи како техничка?

И дали граѓаните можат безбедно да ја користат за лична хигиена?

Второ:

За ова не може да зборува инженер од животна средина или раководител на сектор за санитарна контрола од Водовод Скопје.

Институтот за јавно здравје и Марија Андоновска треба да излезат и јасно да објаснат за што точно смее да се користи оваа „техничка“ вода.

Кој стои зад оваа одлука?

Нека Тошковски и владата на Мицкоски го објават официјалниот документ со анализите на водата.

Кој го потпишал?

Кој институт?

Објавете го официјалниот документ.

Граѓаните имаат право да знаат.