Соопштение за јавност
Јас не сум член ниту на СДСМ, ниту на БЕСА, но сум член на Коалицијата „Можеме“, затоа што сум 100 отсто сигурен дека оваа коалиција е со евроатланска ориентација и носи евроатланска перспектива, порача на малиот јавен собир во организација на Коалицијата „Можеме“, Исмет Рамадани претседателот на невладината организација Евроатлански сојуз.
Рамадани истакна дека со Договорите со Грција и Бугарија која ги постигна Владата предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев се отворија портите кон НАТО и ЕУ, а тоа влијае на внатрешната стабилност, на унапредување на меѓучовечките и меѓуетнички односи.
„Влезот во НАТО обезбедува стабилност и безбедност. Во овие 70 години ниту една земја членка на НАТО не била нападната. Стабилноста и безбедноста со НАТО ќе ги направи младите многу покреативни, потолерантни и покооперативни. Благодарение на концептот што го предводи претседателот на СДСМ Заев, ние денеска имаме стабилни, хармонични меѓуетнички односи. Ние денеска имаме најдобри добрососедски односи и немаме проблем со ниту една соседна земја. Со храброста која ја покажавме и со Договорите со Грција и Бугарија се отворија портите и ние галопиравме кон НАТО, сега како членка на НАТО галопираме кон ЕУ“, порача Рамадани.
Тој додаде дека за разлика од СДСМ, од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле искрено за НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале намера да одиме кон НАТО, затоа што биле преокупирани да создаваат криминални структури, да ја пљачкаат државата, а ист е случајот и со ДУИ нивниот коалиционен партнер во 10 години владеење, порача Рамадани, повикувајќи граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме“, затоа што како што истакна тој, тоа е победничка коалиција, и секоја друга опција не е добра.