fbpx

Народна банка го демантираше Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Никола Груевски зборува за виртуелни инвестиции во најава Народна банка го демантираше со официјални бројки.

Според податоците од Народна банка во третиот квартал од оваа година во Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции!

Во просек, тоа значи дека месечно, едвај по 2,8 милиони евра странски инвестиции влегуваат во Македонија, што е премалку.

Со објавувањето на овие најнови податоци, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со коишто се расфрла пред заминување.

Дополнително, според Народна банка, во првите шест месеци од оваа година трговскиот дефицит изнесува -834 милиони евра.

Поради погрешните политики на Никола Груевски секоја година трговскиот дефицит во размената со странство е во просек, во минус од над 1,5 милијарда евра.

Тоа покажува дека нема прилив на капитал во земјава.

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

По изборите на 24-ти април и победата на СДСМ, Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 05.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести