fbpx

Само 8,5 милиони евра странски инвестиции во трет квартал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места.

Виртуелните инвестиции, и виртуелни зони на Никола Груевски не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре.

На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија!

Денеска Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции.

Тоа значи дека три месеци оваа година во Македонија влегле само по околу 2,8 милиони евра месечно, странски инвестиции.

Само 2,8 милиони евра странски инвестиции месечно е потврда за сите виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со коишто виртуелно се расфрла пред заминување.

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 04.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести