Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени
Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење.
Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите.
Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење.
Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии.
Ова е скандалозно.
Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење.
Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта.
Особено е опасно при топол туш.
А што најавуваа досега?
Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење.
Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење.
Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.
Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може – затоа што се појавила нова бактерија.
Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања.
Секој ден различни упатства.
Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални.
Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема – само медиумска пропаганда.
Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење.
Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара.
Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема.
Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар.
Не можете да си играте со здравјето на граѓаните.
Сите ќе одговарате!
Линк до видео:

