Соопштение за јавност
Иван Стоилковиќ вчера се појави во „Политика“ – приватен медиум на Александар Вучиќ, да објасни дека неговото министерско место не е „остапка, туку легитимно политичко учество.
Вучиќ му работи ПР. Во сопствените медиуми.
Ова е истиот Стоилковиќ кој:
• Е најблизок соработник на Христијан Мицкоски
• Јавно се фали со врските со Русија и „Ноќните волци“
• Учествува во организирање контрамитинзи во корист на Вучиќ
• Соработува со српските служби
• Активно работи против европската ориентација на Македонија
Сега, од страниците на медиумите на Вучиќ, ни објаснува дека е „лојален партнер“ на Мицкоски и дека нивната соработка е „плод на заедничка одговорност“.
Одговорност кон кого?
Кон граѓаните на Македонија – или кон Белград и Москва?
Стоилковиќ не е обичен министер. Тој е продолжена рака на Вучиќ во Владата на Македонија.
А Мицкоски го доби токму таков од Вучиќ и безрезервно го прифаќа.
Додека Македонија тоне во изолација, човек на Вучиќ во Скопје дава интервјуа во Белград и објаснува колку е легитимен.
Сѐ е кристално јасно.
Граѓаните знаат сè. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата, па Македонија ќе ја водат граѓаните на Македонија, а не агенти на српскиот свет и „промакедонските“ членови на ОКГ на Мицкоски со бугарски државјанства и фирми.



