Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен – ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика – изолација за народот, Европа за себе.