Соопштение за јавност
Кривична пријава за граѓанин што го навредил Мицкоски?
Цела Македонија треба да поднесе пријави против Мицкоски
Поднесена е кривична пријава против граѓанин затоа што го навредил Христијан Мицкоски.
А Мицкоски со години го навредува целиот народ.
Ги нарекува граѓаните:
• „талог на општеството“
• „мочуриште“
• „медиокритети“
• „лешинари“
• „глодари“
Дали повторно му се јавил на обвинителот по телефон да му каже што да прави?
За да покаже дека нему никој нема право да му каже што мисли за неговата политика на изолација и економска катастрофа?
Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а тој со државниот авион што го плаќаат граѓаните се вози со семејството на екскурзија.
Половина Македонија нема до први во месецот, а тој носи часовник од 65.000 евра.
Сега го глуми Вучиќ – поднесува кривични пријави за навреди.
Тоа е Мицкоски.
Тоа е тендер-патриотот.
Затоа повикуваме сите граѓани на Македонија да поднесат кривична пријава против Христијан Мицкоски поради постојано и систематско навредување на народот.
Ако еден граѓанин смее да биде гонет затоа што му рекол што мисли, тогаш цела Македонија има право да го пријави него затоа што со години го плука сопствениот народ.
За труењето, криминалот и корупцијата ќе бидат поднесени кривични пријави од независно македонско и европско обвинителство, наскоро, кога ќе дојде времето на вистината и правдата.



