Соопштение за јавност
Гувернерот Трајко Славески излезе со статистика дека Македонија има подобра куповна моќ од седум земји во Европа.
ВМРО додава дека имаме „најбрзо растечки минимални плати во ЕУ“-затоа што платите се меѓу најниските, а Мицкоски не дозволи зголемување на 600 евра.
И сега ова треба да нè убеди дека добро живеат граѓаните?
Значи ли ова дека народот можеме да си ги дозволи астрономските цени на горивата и цените коишто пораснаа до плафон?
Значи ли ова дека сите овие поскапувања не се одразуваат врз домашните буџети?
Значи ли ова дека потрошувачката кошничка, која веќе надмина 70.000 денари, не е многу?
Гувернерот Славески и Мицкоски нека ја понесат онаа табла на која Мицкоски црта (копирајќи го Вучиќ) и нека ја презентираат својата статистика пред луѓето што немаат ни леб да им обезбедат на своите деца, па нека ги нахранат со статистика.
Народот не гледа во статистика. Народот гледа во фрижидерот и во паричникот.
И сѐ гледа.
Само се прашуваат граѓаните каде живеат Мицкоски и Славески?
Џабе статистика кога сѐ е празно.
Нула – колку и да кажеш пати е зголемено – останува нула.
Тоа не е статистика. Тоа е реалност.
Мицкоски живее во бајки. Веројатно и неговиот живот во луксуз е бајка.
За граѓаните – останува празен фрижидер.



