Соопштение за јавност
Владата денеска „демантира“ и тврди дека водата од „Кожувчанка“ за Гостивар била набавена на тендер.
Лажат.
Во самиот договор пишува црно на бело:
„постапка со преговарање без објавување оглас“.
Нема јавен оглас.
Нема тендер.
Има спогодба.
И тоа со фирма чијшто градоначалник е нивен човек, член на Извршниот одбор, поранешен потпретседател.
Три работи се јасни:
1. Водата не е бесплатна. Парите се на граѓаните – не на Ивица Томовски, ниту на неговиот „татко“ (според ДЗР).
2. Секоја набавка со јавни пари е јавна набавка. Оваа ја направија без оглас – со преговарање. И одлучија да преговараат токму со свој човек.
3. Граѓаните поради нив немаат чиста вода за пиење. Ама сепак не компензираат со пиење нафта.
Сега во паника менуваат хартии, затоа што знаат дека граѓаните се веќе на работ со трпението поради ситуацијата во Гостивар.
Луѓето се отруени.
Мицкоски и екипата од криминалната организација прават пари на труењето на граѓаните на Гостивар.
Тоа е ВМРО.
Тоа е таа организирана криминална група.


