Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:

• еден специјалист инфектолог

• четворица специјализанти

• и дерматолози.

Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните.

Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово – затоа што и болницата им е отруена.

Додека ова се случува:

• Мицкоски и Клековски се на екскурзија.

• Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките – да го испуштат проблемот со бактеријата.

• Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна.
Напротив – беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов).

• Тошковски сега најавува нови анализи на водата – затоа што досега очигледно не биле правено како што треба.

Граѓаните се трујат.

Болницата е преоптоварена.

Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија.

Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста.