Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги – сега праќа тепачи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.

Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС.

Народот ги прочита.

Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда.

Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ – Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други).

Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска.

Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас – човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември.

Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ.

А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас.

Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година.

Кај нас почна од вчера вечерта.

Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ.

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев.

Ова не смее да остане неказнето.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода.

Сите до еден.

Нема да дозволиме и ова да помине неказнето.

Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица.

Младите не се плашат.

Народот е буден.

А стравот веќе не им е сојузник!