fbpx

На ВМРО-ДПМНЕ сите им се виновни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ сите им се виновни.

Виновна е Светска банка што објави дека 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, виновна е Евростат, виновни им се сите меѓународни извештаи коишто ја покажуваат катастрофалната реалност.

Зарем ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека кредибилната и угледна фондацијата Фридрих Еберт лаже?

ВМРО-ДПМНЕ е во толкава хаотична состојба што целосно се загуби.

Поразителните податоци на студијата на Фридрих Еберт само го потврдуваат егзодусот на младите од Македонија поради погрешните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Над 50% млади сакаат да ја напуштат земјава бидејќи не веруваат во виртуелните инвестиции и виртуелните работни места со кои Никола Груевски и медиумите под негова контрола ги лажат граѓаните.

Бесперспективноста, невработеноста, нискиот животен стандард, лошиот образовен систем се главните причини поради кои младите масовно ја напуштаат Македонија.

Затоа младите бараат промени.

Младите имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 02.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести