fbpx

Нема повеќе медиумски платеници со парите од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните лично слушнаа за фашизмот на Груевски и неговите соработници од најомилениот пропагандист на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Драган Павловиќ Латас.

Граѓаните слушнаа како и на Латас му се премногу нарачките на Груевски и неговите соработници, па и вели на министерката за култура:

“Значи не претерујте, зошто има од кај твојот премиер, толку многу порачки што вестите на Сител се пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера имаше 7 прилози од 12, по порачка.“

Граѓаните слушнаа и како тогашниот директор на УБК, братучед на Груевски, Мијалков, бара послушност од Латас:

“Ја ви вршам прљавата работа, ви го средувам Велија на мој начин, а сега некој ќе пушта у 9 саат забавна програма и ќе дига гледаност сред кампања“.

Слушнаа граѓаните и за тевтерчето на Јанкулоска за вработувања во националниот сервис, МРТВ, договорени лично со Никола Груевски.

Слушнаа како сопственикот на Канал 5 телевизија, Стојменов, за средба со Груевски и на авион не се качувал.

Како Мијалков ја средил контролата врз Дневник и весниците на МПМ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со фашистичкиот начин на владеење ја донесоа Македонија на ниво на Северна Кореја.

Затоа во Извештајот на Рајнхард Прибе е констатирано дека Македонија e жртвa на криза со медиумите, којашто последните години се влошува, а се потврдени и директни наредби од високи владини функционери кон медиуми и уредници!

Затоа медиумите станаа дел од преговарачкиот процес за слободни и фер избори.

Сител, Канал 5, Алфа, Дневник, МРТВ се дел од медиумските платеници коишто со право се плашат дека ќе ги изгубат милионите евра пари на граѓаните со коишто Груевски 10 години ги корумпира за да ги објавуваат неговите лаги.

Груевски повеќе не може да се вози во мерцедес од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра, а медиумите под контрола да го кријат.

Граѓаните и СДСМ повеќе нема да дозволат злоупотреби.

Секој кој го прекршува законот, ќе одговара.

СДСМ ќе ја врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Збогум Никола!

 

Последни вести