Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски со години ја практикува истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов.
Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“.
Мицкоски го прави истото со народот, со етикетите „предавници“, а сега и „талог“.
Но постои уште една, многу поопасна паралела.
По убиството на неговиот политички ривал Александар Протогеров во 1928 година, извршено по наредба на Михајлов, тој практично останал единствениот доминантен лидер на ВМРО.
Целата моќ се концентрирала во еден човек.
Денес Мицкоски го прави истиот чекор – само со други средства.
Ги укинува потпретседателските места.
Ја елиминира секоја внатрешна рамнотежа.
Општинските комитети остануваат само негови фан-клубови.
Историјата на ВМРО покажува колку опасна може да биде концентрацијата на моќта во една личност.
Мицкоски ја концентрира целата моќ во свои раце.
ВМРО повторно станува партија во која еден човек одлучува за сè. Нема потпретседатели, раководство.
Нема внатрешна контрола.
Нема механизми што би го ограничиле лидерот.
Има само еден центар на одлучување – Мицкоски.
Кампањата „талог“ е реторика и пропаганда што сè помалку поминува кај граѓаните.
Укинувањето на потпретседателите и целосното преземање на партијата е метод.
И двете ги препознаваме од истото историско сценарио.
Македонија веќе еднаш платила висока цена за ваква концентрација на моќ.
Не смее да се повтори.
Прашањето до членовите и симпатизерите на ВМРО што не се дел од организираната криминална група е јасно:
Дали ќе дозволите целосна ванчоизација на ВМРО?


