Соопштение за јавност
Поминаа пет недели а граѓаните на Гостивар се без чиста вода.
Нема вода, нема решение, а се уште нема ниту одговорни за здравствената катастрофа по која околу 5.000 граѓани беа отруени.
Дури ниту дистрибуцијата на флаширана вода не функционира, не е достапна за луѓето што живеат во руралните места кои се далеку од пунктовите.
На почетокот на кризата во Гостивар владата на Мицкоски криеше и задоцни со реакцијата.
Лажеа и се обидуваа да го минимизираат проблемот.
Сè е по истиот принцип. Прво се крие. Потоа се највува. На крај граѓаните остануваат без безбедна вода.
Кога една власт постојано лаже за основните работи – вода, воздух, здравје, тогаш повеќе никој не верува ниту на една нивна изјава.
Зборот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ повеќе ништо не значи.


