Мицкоски и ВМРО ги сметаат граѓаните за „талог“, а државните симболи „инсталација“ за тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На официјална државна прослава по повод 35 години независност, платена со милиони евра народни пари, Владата на Мицкоски го згреши македонското знаме.

Тоа е сликата за односот на оваа власт кон граѓаните и кон Македонија.

Кон граѓаните се однесуваат како кон „талог“, а кон државните симболи како кон „инсталација“ за тендери и провизии.

Наместо извинување, наместо одговорност, наместо да кажат кој го изработил погрешното знаме и колку народни пари се потрошени, власта се обиде да го оправда срамот.

Тоа е истиот модел на владеење што го гледаме две години: поделби за да се сокрие неспособноста, навреди за да се избегне одговорноста и лажен патриотизам за да се покријат криминалните тендери и провизиите.

Мицкоски ги нарекуваше луѓето „талог“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“. Секој што мисли поинаку, секој што ја критикува власта, секој што бара одговорност станува негов непријател.

Кампања по методот на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Сега додека Мицкоски е на екскурзија, Македонија доби прослава со погрешно знаме и видео од кое исчезнаа важни државни достигнувања – членството во НАТО, членството во ОН и кандидатскиот статус за ЕУ.

Кога една власт нема сопствени државнички успеси, се обидува да ги избрише успесите од минатото. Затоа покрај поделбите и навредите сега гледаме и обид за ревизија на 35 години македонска независност.

Немаат што да запишат свое, па сакаат да избришат од она што веќе е запишано во македонската историја.

Најголемите стратешки и државнички успеси на Македонија во изминатите 35 години се направени во периоди кога СДСМ ја преземал одговорноста за државата и тоа е неизбришлив факт.