Соопштение за јавност
Бидејќи Панче Тошковски не е тука, на екскурзија е, сега Тимчо ја води полицијата и лаже а потоа најавува кој ќе биде повикан на разговор поради ширење паника. Секако, Панче е задолжен за хиперхлорирањето.
Тимчо Муцунски денеска тврди:
„Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може да се провери.“
Лесно се проверува.
На 3 август 2026 година, повеќе медиуми објавија негови изјави:
• „Има разговори „под радарот“ за деблокада на ЕУ-интеграциите“
• „Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат“
• „Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на Македонија“.
Три наслови. Три медиуми. Иста изјава.
Денес вели дека никогаш не го кажал.
Во исто време, Муцунски се заканува со апсење на опозицијата за „ширење паника“.
Бране Петрушевски го прави истото.
Ова е веќе видена шема.
Кога ја откривме вистината за мигрантите – донесоа декрет по урнек на Хитлер против слободата на говорот.
Сега, кога јавноста дозна за труењето на водата во Гостивар, за тоа дека во 50 места нема податоци дали водата е здрава за пиење, за западнонилската треска и за тоа дека не прскале комарци навреме, повторно се закануваат со апсење.
Мицкоски од собраниска говорница, преку медиуми и по телефон нарачува постапки.
Се закануваат со полиција и со обвинителство.
Европа веќе во своите извештаи јасно кажа што прави Мицкоски со обвинителството, политички притисок и директно мешање.
Не поминува Гебелсовата пропаганда што ја води Латас.
Не поминува ниту кампањата на Ванчо Михајлов што ја води Мицкоски со етикетата „талог“.
Немаат аргументи.
Немаат резултати.
Немаат одговори.
Имаат само лаги и закани.
Нема да го замолчете македонскиот народ.
Можете да донесувате фашистички декрети.
Можете да ги довлечкате сите медиуми на Вучиќ.
Може Латас и Ивона цел ден да произведуваат лажни вести.
Народот се буди.
Сите сте прочитани.
Нема резултати – само лаги, закани и фашистички кампањи.
Нема да ви помине.
Доаѓа време на вистина и правда.
Доаѓа време на европско обвинителство.


