Соопштение за јавност
Покрај тоа што сме „трета економија во Европа“, покрај тоа што сме „први по туризам“,
покрај тоа што сме „лидери во авиосообраќајот“ и покрај тоа што аеродромот е „најбрзорастечки“, и покрај тоа што платите најбрзо ни „растеле“…
Повторно сме втори на европската – црна листа.
Овојпат по ѓубре.
Заслугата му припаѓа на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Човекот кој ја испитува водата од воздух, со дрон. Кој не може ниту навреме за комарци да испрска.
Човекот кој прави AI билборди со коњ на пет нозе, вијадукт од Босна и храм од Србија.
Сега може да се пофали и со оваа титула – еден од највалканите градови во Европа.
Туку ајде да зборуваме за убави теми, како што сака Мицкоски.
Економија?
Минимална плата околу 26.000 денари.
Просечна околу 49.000 денари.
Потрошувачка кошничка околу 70.000.
На млад човек без стан му требаат околу 90.000 денари месечно само за да преживее.
Економијата е во “одлична” кондиција!
Туризам?
Хрватска – над 18 милиони странски туристи.
Албанија – над 11 милиони.
Црна Гора – 2–3 милиони.
Србија – околу 2,4 милиони.
Македонија – околу 1 милион.
Авиосообраќај?
Луфтханза си замина.
ЛОТ си замина.
Изиџет ја укинува линијата за Париз.
Е тоа е реалноста зад слоганите за „трета економија“ и „лидери“.
Орце ветуваше 3.000 контејнери од септември.
Можеби тогаш ќе се поместиме од второто на третото место.
Но, сигурно ќе бидеме на врвот на црната ранг-листа.


