Соопштение за јавност
Македонија без безбедна вода.
По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи – еве нов случај.
Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии.
Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење.
Ова веќе е системски колапс.
Гостивар.
Демир Капија.
Кривогаштани.
И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации.
Додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии.
За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа.
Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука – освен „чувството“ на Мицкоски.
Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода.
Одговорноста не може вечно да се избегнува.


