Колку Мицкоски не е самостоен – најдобро се гледа од односот кон Црквата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Александар Вучиќ повторно ја отвори старата тема: „Црквата во Белград и во Скопје е една и иста.“

Директна порака. Директно мешање во автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Директно оспорување на македонскиот идентитет.

А што направи Христијан Мицкоски?

Со една реченица ја затвори темата. Рече дека не сака да коментира „изјави што личат на испади од минатиот век“ и дека треба да гледаме во иднината.

Тоа е сè.

Нема јасна одбрана на автокефалноста.

Нема јасна порака дека МПЦ-ОА е самостојна и независна.

Нема никаква острина кон оној што ја доведува во прашање.

Ова не е државнички став туку став на човек кој знае каде му е местото во односот со Вучиќ.

Кога Вучиќ зборува за „една црква“, Мицкоски молчи или бега во општи фрази.

Кога треба да се брани македонската црковна независност – премиерот избира да не се замеша.

Граѓаните јасно гледаат:

Мицкоски не е самостоен премиер.

Тој е премиер што внимава што ќе каже за да не го налути својот ментор.

Односот кон Црквата е само најновиот доказ.

Уште еден доказ за тоа е основањето на нови медиуми од „српскиот свет“, по сценарио на Латас и Ивона Талевска, кои треба да започнат со работа во септември.

Целта е да се освои целокупниот македонски медиумски пазар и да се создаде целосен медиумски мрак. На граѓаните ќе им се сервираат само информации што се во интерес на Вучиќ и Мицкоски.

Тоа ќе значи целосна медиумска заштита на криминалната организација, по целосното преземање и ставање под контрола на правосудниот систем и полицијата – процес на кој Европската комисија веќе одамна укажува.

На граѓаните им останува само едно: да не дозволат пропагандата да ја замени вистината. А за правда ќе мораат да почекаат уште малку. Доаѓа време кога граѓаните повторно ќе ја преземат власта во свои раце.