Соопштение за јавност
Ги почнуваме преговорите, меѓутоа не сакам мојата земја вечно да преговара. Со нив нашата земја вечно беше земја кандидат, утре под нивна власт, едно поглавје нема да отвориме, едно поглавје нема да затвориме и тоа е јасно како ден, бидејќи ниту сакаат Европа, ниту знаат како европски да се однесуваат.
Затоа, мислам дека на 15-ти јули можеме да бидеме храбри, оптимисти, амбициозни, едно нешто не смееме, не смееме да се коцкаме, и не смееме да ризикуваме повторно да му дадеме шанса на ој грд режим затоа што тоа ќе значи крај на ЕУ, крај на слободата, крај на решавањето на проблемите и нов почеток на тензии, притисоци и кавги.
Од кавги не се живее, од кавги куќа не се гради, од кавги куќата само се растура.