Пишува: Александар НАУМОСКИ, член на Извршниот одбор на СДСМ
Има една стара спортска изрека која вели дека, најдобрите екипи играат едноставно, а лошите стручни штабови го компликуваат фудбалот до ниво на трагикомедија. Кога политичката камарила во штабското раководство на ДПМНЕ ќе ги преземе сите тактички табли во раце и сите стратегии за игра, политиката престанува да биде игра на идеи и станува карикатурална борба за преживување. Крпи-закрпи политика или купи ден продај.
Резултатот од таквото „штабско копање во место“? Сопствениот гол, кој треба да се брани со стабилна политика, одговорност и визија, наеднаш станува со димензии на цела една стадионска трибина.
Кога штабот ќе ја промаши тактиката
Во нормални околности, политичката партија функционира како уигран тим. Но, кога носењето одлуки ќе се сведе на камарила опседната со микро-мениаџмент, внатрешни пресметки и PR-козметика — стратегијата исчезнува. Особено со барање на виновници по секоја цена.
Наместо да се игра на противничката половина со реформи, проекти и конкретни решенија, штабот избира дефанзива. Но, не било каква дефанзива, туку панично повлекување во сопствениот шеснаесетник.
Кога секојдневието носи нови кризи, а штабот наместо решенија произведува само изговори, димензиите на голот почнуваат неконтролирано да растат.
Топката минува отсекаде
Да се брани гол со големина на трибина е системска невозможна мисија. Не затоа што противникот односно народот е излажан со стратегијата пред натпреварот, туку затоа што рамката на голот е поставена толку широко, што секој почетнички шут станува погодок.
-Загубена контрола врз реториката: Штабските стратези се толку заглавени во сопствениот балон, што веќе не можат да ги предвидат ниту најосновните политички удари. На секоја „утка“ на тимот, при хидратација излегуваат стнадардни 2-3 кловна и им велат на гледачите: Не сме ние криви што не играме добро, екипите претходно се виновни зошто ние не можеме и топката да ја погодиме.
-Изолација од реалноста: Додека во штабот се цртаат „совршени“ тактики, на теренот граѓаните гледаат екипа која не знае кој која позиција ја покрива. Гостивар беше капак на неорганизиран фудбалски тим. Физотерапевтот беше „штопер“ на натпреварот.
-Паника во одбраната: Секој гаф, секоја погрешна проценка и секој компромис стануваат гол во сопствената мрежа, бидејќи мрежата е преголема за да ја покрие било каков PR-филтер. Под радарот се прави игра, односно играат со публика со изгаснати рефлектори. Каде ЕУ и прогресивниот домашен свет, знае што е играта односно дека е фудбалски натпревар, ама не се гледа кој е во напад.
-Судија или правораздавање нема: ВАР систетмот не работи, судии нема. И да има, имаат страв да судат на стадион без рефлектори. А веќе е доцна (во ноќта).
На крајот, цената ја плаќа публиката
Најтрагичниот дел од оваа фудбалско-политичка метафора не е самиот штаб, ниту неговите преплашени и допингувани „играчи“. Најголемиот губитник е публиката на трибините — народот кој купил билет за сериозна политика, а добил претстава во која домашната екипа не знае ни каде и е сопствениот гол.
Кога партијата ќе стане заложник на штабска камарила која се плаши од сопствената сенка, голот продолжува да се шири. A кога голот е широк колку цела трибина, прашање на време е кога публиката ќе стане од седиштата и едноставно ќе си замине дома.
На крајот, суровата реалност ги демаскира сите штабски илузии. ВМРО-ДПМНЕ, поради чиста неспособност, катастрофална тактика и тотално незнаење, успеа да ја доведе државата до дебакл. Додека симулативно се жали дека „нема пари во буџетот“, партијата само го покрива сопствениот апетит за кражба на секое можно ниво. Поради ваквите штетни политики, Македонија денес ги живее своите најтешки моменти — како пуста и празна трибина на европскиот стадион од каде сите си заминаа, оставајќи ги само штабските играчи да играат сопствена фиктивна игра.
Со еден збор, ДПМНЕ е жртва на сопствената неспособност, незнаење и погубна тактика. Додека народот го хранат со лаги дека се „економски лидери“, а истовремено оправдуваат беспарица за да покријат кражба и грабеж на секое ниво, тие го пропуштија вистинскиот натпревар.
Цената за нивните лоши политики ја плаќа државата: денес Македонија е оставена како празна трибина на Европското првенство — осамена, напуштена и изолирана од светот што оди напред.
(Поимот Камарила на шпански: мала соба или кралски кабинет; претставува затворена група луѓе или клика, најчесто во дворска или политичка средина, која преку тајни интриги и влијанија управува со државни или општествени работи за лична корист, без официјална одговорност)


