Филипче: Мицкоски има 5 милиони евра за спектакли, но нема помош за земјоделците, лекарите, работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски има 5 милиони евра за спектакли, но нема за помош за земјоделците, лекарите, работниците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека Владата нема слух за граѓаните кои се соочуваат со сериозни проблеми во услови кога се е поскапено, единствено што ја интересира власта се арамиски проекти, наместо реалните потреби на луѓето.

„Видовме со што се занимаваат, видовме за што се заинтересирани само за арамиски проекти, како овој со Дејвид Гета, кој што не може никако да го објаснат, поради тоа што, очигледно, сега и на малите деца, им е јасно дека станува збор за коруптивен проект на оваа арамиска влада, предводена од главниот шеф Христијан Мицкоски.“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека наместо за граѓаните, 5 милиони евра народни пари на нетранспарентен начин завршија во криминални договори.

„Наместо тие пари да се пренасочат за поддршка на семејствата, за поддршка на семејствата во период на почеток на школската година, за поддршка на земјоделците, за поддршка на наставниците, лекарите, социјалните случаи, едноставно, потрошени на нетранспарентен начин. За што ќе се соочат со одговорност. Ќе се соочат со одговорност. И ќе дојде тоа време.“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека Владата во меѓувреме за граѓаните носи половични и задоцнети мерки, кои нема да дадат значителен ефект врз семејните буџети.

„Горивата веќе долго време се над 100 денари од почетокот на годината зголемени за 50% и ниту една мерка за ниту една категорија на граѓани, социјални случаи, пензионери, студенти, луѓе со повеќе деца и така натаму, едноставно никој не виде бенефит, ниту некаков интерес од страна на Владата или, например, да им се помогне на граѓаните. Никој од оваа криминална арамиска Влада за тоа не е заинтересиран, заинтересирани се само за партиските тендери од кои што крадат народни пари“, рече Филипче.

Линк до видео: