Хиперхлораџијата Тошковски вчера ја чистеше водата, а денеска ја мери полицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот што десет недели ја крие водата во Гостивар излезе да објави дека криминалот паднал. До вчера Тошковски беше главен за хиперхлорирање, заедно со Клековски и арамијата Мицкоски.

Пет илјади отруени граѓани. Нема ниту еден целосен, потпишан, јавен извештај дека водата е чиста за пиење. Десет недели. Има само збор од бандата. Зборот не се пие.

Денеска истиот човек чита статистика: убиствата паднале, разбојништвата паднале, тешките кражби паднале. Семејното насилство расте.

Па како да не падне „тешкиот криминал“ кога обвинителството го држи организирана криминална група. Кога тешката кражба е преименувана во тендер.

Кога грабежот на касата е Буџет. Кога перењето пари е донација. Кога штабот се гради со фирма на државата и судот измислува што е „јавна услуга“. Тоа не е пад на криминалот. Тоа е префрлање на криминалот во кабинет.

Семејното насилство расте. Тошковски самиот го кажа. И тука системот се познава. Еден што тепа жени, а ВМРО-ОКГ го пушта без казна, е телохранител на арамијата Мицкоски и полицаец на Тошковски.

Тоа е правна држава по нивна мерка: камера за улица, заштита за своите, статистика за прес-конфереции.

Да не се мачи Тошковски. Извештајот веќе постои. Европската Комисија го напиша: мешање и притисок врз судството, сериозна закана за независноста на судството.

Полиција, суд, обвинителство – не одговараат на закон. Одговараат на шефот на бандата.

И едно прашање на крај, бидејќи веќе чита бројки: Што се случи со петте тони дрога што непречено ја поминаа границата?

Ова не е безбедност. Ова е ПР на хиперхлорирана полиција.