Филипче: Сомнежите седека за унгарскиот кредит провизијата е 100 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сомнежите се дека провизијата за унгарскиот кредит од една милијарда евра достигнува 100 милиони евра, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5, отворајќи прашања за начинот на кој се распределуваат и трошат средствата од кредитот.

Филипче посочи дека истрагата за кредитот во Унгарија, според него, е поврзана со промената на власта таму.

„Еве, на пример, ќе се отвореше ли истрага да не се сменеше власта за унгарскиот, односно кредит од кинески пари во Унгарија, да не се сменеше власта? Па можете да замислите какви се истраги за нашава власт, нема да се отворат ако се смени власта во Србија.100 милиони евра провизија за унгарскиот кредит. Притоа, знаете колку се потрошени и реализирани на проекти за општините што ги спомнувате? 60 милиони евра. Беа најавени 250. Каде се другите 190? Каде се другите 250 за фирмите и тоа затоа е предмет на истрага “, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче очекува и функционери од владата на Мицкоски да бидат повикани.

„Новата унгарска Влада прави истрага за тој кредит. И да не се чудиме, ако многу, за многу кратко време и нашите највисоки владини функционери бидат повикани таму, да оваа работа се истражи., рече Филипче.