Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека СДСМ планира да поднесе кривична пријава против директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, а во однос на начинот на кој е дадена дозвола за емитување на програмата на Арена М и потенцијално оштетување на буџетот.
Филипче посочи дека писмата до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и европската комесарка Марта Кос, во кој ќе ги информира за хибридната војна преку медиуми од „српскиот свет“, се подготвени и ќе бидат доставени во текот на денот или најдоцна утре, заедно со кривичната пријава.
„Да, писмата се подготвени и во текот на денот, најдоцна утре, ќе ги испратиме. Јасно е наведено кои се нашите забелешки, а против Зоран Трајчевски планираме да поднесеме кривична пријава“, рече Филипче.
Тој додаде причината кривичната пријава е јасна и конкретна – како на медиумот Арена М му е дадена дозвола како за странски канал.
„Многу конкретно. Затоа што на македонски медиуми овде, кои овде функционираат, конкретно Арена М, која што е сместена во просториите на Градскиот стадион, тука им се канцелариите од каде што се емитува програмата, гледаме фудбалски пренос од тие канцеларии, таму од тие простории на Градскиот стадион, им дал дозвола како за странски канал. Значи, дадена е дозвола на медиум кој овде продуцира програма, како да е странски, а во тие регистри во странство го нема. И тоа е противзаконски и тоа е оштетување на буџетот. Но, тоа не се прави без поддршка на власта од највисоките кругови на власта“, рече Филипче.
Во одговорот на новинарско прашање, Филипче порача дека за овие постапки мора да има одговорност.
„Нека се мислат и Трајчевски и тој од државна Лотарија на кој му кажуваат што треба да работи, да троши народни пари и да го оштетува буџетот за интересите на власта. Што прават луѓето? Им упатив јавно предупредување до тие луѓе да не го слушаат Христијан што им зборува, затоа што ќе одговараат. Нема да има милост за никого и ќе ги вратат парите“, рече Филипче.
Линк до видео:


