Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина.

Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот.

Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги….

Класично бегство од реченицата што ги болеше.

Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно.

На 2 април истата компанија го предава материјалот – „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција.

ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми.

Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски?

Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана?

Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите?

Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија.

Тоа е клучната разлика.

Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит.

Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е.

Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски?

Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата.

За граѓаните е отров. За нив е провизија.

Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал.

Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај.

Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија.

Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда.

Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица.

Матрицата е бегство. Бегството е признание.