Филипче: Величењето воени злосторници не е став на македонскиот народ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопшение за јавност

Величењето воени злосторници не е став на македонскиот народ, посочи претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието. Филипче потенцираше дека Македонија има традиционално пријателство со народите во регионот, но дека тоа не значи оправдување или величање на воени злосторници, како што тоа го направи член на Владата, а притоа немаше никаква реакција од премиерот .

„Во извештаите странското влијание и една формулација која што не е официјална терминологија, српски свет, често провејува. Во тој контекст хибридните закани и хибридното влијание на таа соседна земја кај нас, која што сме со народот пријатели. Не станува збор за пријателството помеѓу Македонците и децата кои што живеат тука и Србите. Меѓутоа во Владата има министер кој што оддава признание јавно на Ратко Младиќ, сега кога тој почина, и премиерот не реагира никако. Нема апсолутно никаква реакција“ рече Филипче.

Филипче нагласи дека ваквите ставови се ставови на поединци и не смеат да се претставуваат како став на македонскиот народ.

„И јас сакам да знаете дека тоа не е став на македонскиот народ. Ние не правдаме воени злосторници, ниту пак никако не ги величиме. Тоа е став на поединци. Тој министер порано, до пред некое време беше потпретседател на Владата, сега е министер за локална самоуправа“ рече Филипче.

Линк до видео: